Помош за повреди здобиени од повеќегодишен престој во воените зони

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија „Верба и Надеж“ од Куманово ја известува дека во склоп на здравствено – психолошката помош овозможува и помош за повреди здобиени од повеќегодишен престој во воените зони. 

Лицата учесниците од НАТО мировните мисии кои се имаат здобиено со различни повреди на вратот, ‘рбетниот столб или на екстремитетите може да се обратат директно до канцеларијата на здружението, на ул. Перо Наков бр. 8 во Куманово или преку телефонскиот број +389 74 608 468.

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија уште од своето основање врши здравствено – психолошка помош, преку сугерирање и упатување на членовите и поддржувачите на соодветна здравствено – психолошка помош.

прочитај повеќе

Остварување на права и надомести поврзани со повреда или болест на учесници во НАТО мировни мисии

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија информира дека секој граѓанин во Република Северна Македонија кој повредата или болеста ја има добиено како учесник во НАТО мисии може да располага со различни права и надомести. 

Во оваа група на права и надомести спаѓаат:

  • Право на инвалидска пензија;
  • Надомест за намалена мобилност;
  • Надомест за трето лице и
  • Надомест за телесно оштетување

Право на остварување на горенаведените точки имаат сите дијагностицирани учесници од НАТО мировни мисии со најмалку три лекарски извештаи со иста дијагноза.

Барањата за горенаведените точки ги пополнува и поднесува лекарскиот тим на здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија.

прочитај повеќе