Помош за повреди здобиени од повеќегодишен престој во воените зони

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија „Верба и Надеж“ од Куманово ја известува дека во склоп на здравствено – психолошката помош овозможува и помош за повреди здобиени од повеќегодишен престој во воените зони. 

Лицата учесниците од НАТО мировните мисии кои се имаат здобиено со различни повреди на вратот, ‘рбетниот столб или на екстремитетите може да се обратат директно до канцеларијата на здружението, на ул. Перо Наков бр. 8 во Куманово или преку телефонскиот број +389 74 608 468.

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија уште од своето основање врши здравствено – психолошка помош, преку сугерирање и упатување на членовите и поддржувачите на соодветна здравствено – психолошка помош.

прочитај повеќе

Поднесено барање за формирање на анкетна комисија за инвалиди од НАТО мировни мисии

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија „Верба и Надеж“ од Куманово, на ден 20.06.2022 година, преку претседателот на комисијата за здравство при Собранието на Република Северна Македонија поднесе барање за формирање на анкетна комисија заради регулирање на правата и статусот на поголема група граѓани т.е. цивилни инвалиди од НАТО мировни мисии. 

Целта на анкетната комисија е изготвување и имплементирање на на закон за инвалиди од НАТО мировни мисии, изготвување на регистар на НАТО дијагнози, формирање на лекарска комисија за утврдување на инвалидност на цивилни лица од НАТО мировните мисии, како и остварување на право на инвалидска пензија од НАТО дијагнози.

Целосниот допис во продолжение:

прочитај повеќе

Емисија „КОД“: PTSD и цивилни жртви на НАТО воени мисии

Издание на емисијата „КОД“ посветено на PTSD и цивилните жртви од НАТО мировните мисии. 

Емисијата е објавена во месец мај 2022 година.

прочитај повеќе

Започнато сервисирање на лица со оштетен слух и говор од НАТО мировни мисии

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија, со седиште во Куманово, на ден 23.03.2022 година започна со сервисирање на лица со оштетен слух и говор од НАТО мировни мисии. 

Сервисирањето на оваа категорија на граѓани ќе се одвива во просториите на здружението, ул. Перо Наков бр. 8 Куманово.

Подетални информации може да се добијат директно во просториите на здружението или преку електронската адреса verbainadez@gmail.com.

прочитај повеќе