Започнато сервисирање на лица со оштетен слух и говор од НАТО мировни мисии

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија, со седиште во Куманово, на ден 23.03.2022 година започна со сервисирање на лица со оштетен слух и говор од НАТО мировни мисии. 

Сервисирањето на оваа категорија на граѓани ќе се одвива во просториите на здружението, ул. Перо Наков бр. 8 Куманово.

Подетални информации може да се добијат директно во просториите на здружението или преку електронската адреса verbainadez@gmail.com.

прочитај повеќе

Остварување на права и надомести поврзани со повреда или болест на учесници во НАТО мировни мисии

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија информира дека секој граѓанин во Република Северна Македонија кој повредата или болеста ја има добиено како учесник во НАТО мисии може да располага со различни права и надомести. 

Во оваа група на права и надомести спаѓаат:

  • Право на инвалидска пензија;
  • Надомест за намалена мобилност;
  • Надомест за трето лице и
  • Надомест за телесно оштетување

Право на остварување на горенаведените точки имаат сите дијагностицирани учесници од НАТО мировни мисии со најмалку три лекарски извештаи со иста дијагноза.

Барањата за горенаведените точки ги пополнува и поднесува лекарскиот тим на здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија.

прочитај повеќе