Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија „Верба и Надеж“ од Куманово, на ден 20.06.2022 година, преку претседателот на комисијата за здравство при Собранието на Република Северна Македонија поднесе барање за формирање на анкетна комисија заради регулирање на правата и статусот на поголема група граѓани т.е. цивилни инвалиди од НАТО мировни мисии. 

Целта на анкетната комисија е изготвување и имплементирање на на закон за инвалиди од НАТО мировни мисии, изготвување на регистар на НАТО дијагнози, формирање на лекарска комисија за утврдување на инвалидност на цивилни лица од НАТО мировните мисии, како и остварување на право на инвалидска пензија од НАТО дијагнози.

Целосниот допис во продолжение: