Известување

Ве информираме дека Дејан Димитровски викан Доктор и Андреј Накиќ викан Андро 14 месеци не се дел од “Верба и Надеж” и дека лажно се претставуваат во наше име.

прочитај повеќе

Барање за иницирање на регистар за пулмонални заболувања до државните органи на РСМ

Почитувани,

„Верба и Надеж“ иницира регистар за пулмонални заболувања за сите граѓани на Република Северна Македонија кои биле на работа во Ирак, Авганистан, Кувајт, Џибути. Воедно и верификација или потврда на повреда на белите дробови и дишните патишта кои настанале од отровни материи, реагенси, адитиви, барутни честички со кои биле во секојдневен контакт во НАТО мировните мисии.

Во регистарот ке бидат инволвирани Владата на С.А.Д. – Министерството за труд на С.А.Д., Министерството за одбрана на С.А.Д. и Министерството за правда на С.А.Д.

Од македонска страна во регистарот ке бидат инволвирани Претседателот на државата, Министерство за одбрана, Министерство за здравство, Министерство за социјална политика, Министество за правда, Државна клиника за пумологија.

Во продолжение, бараме да се формира база на податоци за пулмолошки заболувања и ние како Здружение за унапредување и заштита на правата на Инвалиди од НАТО мировни мисии имаме право и обврска да бараме формирање на регистар за пулмолошки заболувања во Р.С.М.

Согласно ова, бараме формирање на иницијативен одбор составен од пулмолози, епидемолози, представници од Министерството за здравство, здруженија на пациенти и други надлежни министерства.

На овој начин би се следеле заболувања како што се ХОББ, астма, белодробна фиброза, рак на белите дробови, компликации при задушување од чад, пост ковид компликации и слично. Сметаме дека на овој начин би се добила поширока слика и статистика на пулмонални заболувања и секако недостатоци во лечење и надминување на овие проблеми.

Целта на регистарот за пулмонални заболувања секако би било и подобра епидемиолошка контрола, следење на нови трендови во лечење на истите и подобрување на клиничките практики. Структурата би била подобрување на утврдување на дијагноза и стадиум, терапија и исход и фактори на ризик – загадување, пушење и.т.н.

За оваа цел секако дека е потребна институционална поддршка од Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Министерството за финансии.

Потребно е да постои координација со здравствено осигурување каде ќе се обезбеди континуирано внесување на податоци од сите јавни и приватни установи и обука на медицински кадар за правилно внесување на податоци.

За да не ни се повторат предходните случувања, трагедии со катастрофални исходи како што беше трагедијата во Кочани, Трубарево (и други) неопходно е државата да се разбуди.

Со почит,
Здружение на инвалиди од НАТО мировни мисии
ВЕРБА И НАДЕЖ
ул. Перо Наков бр.8
1300 Куманово
info@verbainadez.org
www.verbainadez.org
прочитај повеќе

“ВЕРБА И НАДЕЖ” ИНИЦИРА ПОПИС НА ПУЛМОНАЛНИ ЗАБОЛУВАЊА ОД УЧЕСНИЦИ ВО НАТО МИРОВНИ МИСИИ

Верба и Надеж иницира регистар за пулмонални заболувања на сите граѓани на Република Северна Македонија кои биле на работа во Ирак, Авганистан и Џибути т.е. верификација или потврда на повреда на плуќа и дишни патишта од отровни материи, реагенси, адитиви со кои биле во секојдневен контакт во Нато мировни мисии.

Во регистарот ке бидат инволвирани и Владата на САД т.е. Министерството за труд на САД, Министерството за одбрана на САД и Министерството за правда на САД.

Од македонска страна во регистарот ке бидат инволвирани Председателот на државата, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда и Државна клиника за пулмологија.

 

прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се информираат сите инвалиди од НАТО мировните мисии кои биле ангажирани во Ирак, Авганистан и други региони, да ја пријават и легализираат својата повреда на белите дробови и дишните патишта пред надлежните институции на Република Северна Македонија.

Оваа иницијатива за ваше згрижување произлегува од секојдневните информации што ги добиваме директно од вас во изминатите пет до шест месеци, а кои укажуваат дека бројни посредници — кои манипулираат со вашето здравје и иднина — како и лекари што не се заведени во РСМ или не потекнуваат од РСМ, ве измамиле или воопшто не ви обезбедиле соодветен третман.

Во таа насока, Здружението „Верба и Надеж“ е во секојдневна комуникација со Министерство за здравство со цел формирање база на податоци од лица со белодробни заболувања кои биле ангажирани во Ирак и Авганистан, како и обезбедување навремен и соодветен третман за вас — повредените во тие мисии.

прочитај повеќе