Бараме работна група поради несогласност на државната и нашата статистика, разликата преголема

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии ја информира јавноста дека во изминатите 10 години помеѓу нас и државните институции изнесени се различни статистики во врска со бројката на инвалиди од НАТО мировни мисии. 

Според нашите бројки, станува збор за околу 13.000 лица – инвалиди од НАТО мировни мисии, додека пак според државната статистика и проценки, бројката изнесува 989.

Поради ваквата очигледна и преголема разлика во нашата статистика, како единствено здружение кое работи во оваа област; и помеѓу државната статистика, јавно реагираме и бараме формирање на итна работна група помеѓу составена од претставници на Институтот за јавно здравје, Адвокатската комора, здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии, Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи.

22.12.2021

Оставете коментар