Здружението на Инвалиди од НАТО мировни мисии Верба и Надеж во целост го поддржува Апелот на Републичкиот центар за НАТО инвалидитет од Скопје во склоп на АМБ-ДНЕС и Ве замолуваме најдоцна до 3 Јуни 2022 да ги извршите обврските спрема Вашите пациенти.

Апелот го пренесуваме во целост:
Почитувани психијатри, невропсихијатри, психолози и психотерапевти
Согласно чл. 22 од законот за менталното здравје лекарот – психијатaр, невропсихијатар е должен при приемот на лицето со ментална болест веднаш да ги извести родителите, законските застапници или други лица од кругот на лицата кои живеат во заедничко домаќинство со лицето со ментална болест – во спротивно согласно чл. 40 став 1 точка 13 од Законот за ментално здравје може да им биде изречена глоба во износ до 5.000 евра во денарска противвредност на правното лице.
Покрај паричната казна од ставот 1 на овој член на правното лице ќе му се изрече забрана за вршење на дејност до две години.
Овој апел го упатуваме со цел семејствата на пациентите од НАТО мисии да можат благовремено да реагираат пред надлежните органи во РСМ.
Со почит,
09 Мај 2022 Скопје
РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ
Воедно Ве потсетуваме на член 9 став 6 од Законот за евиденции во областа на здравството при Националниот систем за електронска евиденција во здравството. Во спротивно сите поединечно ке бидете пријавени и санкционирани ако не го извршите истото.
.
Со почит
Здружение на инвалиди од НАТО мировни мисии на РСМ
“Верба и Надеж” – Куманово