Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија претставува здружение на граѓани кое работи во областа на заштитата на човековите права, изготвување и имплементација на закон за инвалиди од НАТО мировни мисии, ресоцијализација и реинтеграција на инвалидите во општеството и др.

Седиштето на здружението се наоѓа на ул. Перо Наков бр. 8 Куманово.

ВИЗИЈА

Секое лице – инвалид од НАТО мировни мисии треба да добие квалитетна здравствено – психолошка и правна помош, преку што ќе се обезбеди еднаквост и правичност меѓу граѓаните.

МИСИЈА

Решавање на сложените проблеми на инвалидите од НАТО мировни мисии и воспоставување на нова категорија на граѓани.

ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД

Поради 30 годишна транзиција од еден систем на управување и промена од една во друга држава и континуирано губење на работни места во државите што произлегоа од поранешната СФРЈ, голем дел од нашите граѓани во изминативе 20 години беа составен дел од НАТО мисиите ширум светот, во воени зони. Составен дел од работата беше и повреда настаната на работните места во Ирак, Џибути, Авганистан…. Дел од нашите членови се принудени да живеат со своите повреди повеќе од 10 години, невидливи за државата и нејзините институции и на раб на егзистенција.

1970

2016

Неформалната помош спрема инвалидите од НАТО мировни мисии отпочнува уште во февруари 2016, па преку иницијативниот одбор од октомври 2018 па до денес имаме помогнато на повеќе од 1300 учесници во НАТО мировни мисии од РСМ и на повеќе од 400 од БиХ и Хрватска, од кои најмногу во Куманово, Скопје, Тетово, Прилеп, Крива Паланка, Лукавац, Живинице, Тузла, Славонски Брод, Загреб…

2018

Поучени од сопствените маки, во октомври 2018 година започнавме да талкаме по институциите на системот, а во јули 2019 година дојдовме до заклучок дека државата не се запознаена на каков начин може да ни помогне.

2019

Здружението ја отвори канцеларијата во мај 2019 во Куманово за да биде достапна за сите наши сограѓани кои во тој период имаа потреба за патоказ како да ја сервисираат својата здравствена состојба која подразбира лекарска евалуација и остварување на социјалните права во РСМ.

2022

Во 2022 година, здружението поднесе барање до Собранието на РСМ за формирање на анкетна комисија заради регулирање на правата и статусот на поголема група граѓани т.е. цивилни инвалиди од НАТО мировни мисии.

Канцеларијата во Куманово беше отворена поради тоа што од Куманово има најголем број на граѓани кои биле цивилна поддршка на НАТО мировни мисии во воените зони, дури и цели семејства.