
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се информираат сите инвалиди од НАТО мировните мисии кои биле ангажирани во Ирак, Авганистан и други региони, да ја пријават и легализираат својата повреда на белите дробови и дишните патишта пред надлежните институции на Република Северна Македонија.
Оваа иницијатива за ваше згрижување произлегува од секојдневните информации што ги добиваме директно од вас во изминатите пет до шест месеци, а кои укажуваат дека бројни посредници — кои манипулираат со вашето здравје и иднина — како и лекари што не се заведени во РСМ или не потекнуваат од РСМ, ве измамиле или воопшто не ви обезбедиле соодветен третман.
Во таа насока, Здружението „Верба и Надеж“ е во секојдневна комуникација со Министерство за здравство со цел формирање база на податоци од лица со белодробни заболувања кои биле ангажирани во Ирак и Авганистан, како и обезбедување навремен и соодветен третман за вас — повредените во тие мисии.

